Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот. Случајот Рекет и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Како го коментирате барањето на ВМРО-ДПМНЕ Јавното обвинителство да ја прошири истрагата за случајот Рекет и да испита дали има поврзаност и да испита дали има поврзаност на врвот на СДСМ, односно на Заев, Ваша и на други лица, со оваа афера?

За нецели шест месеци имавме од наоди во јавност, истрага, предистрага, обвинителен акт, неколкумина во притвор и рочишта коишто се случуваат по неколку во неделата. Знаете зошто? Заради тоа што никој од владата, од владејачкото мнозинство или од политичарите не диктира веќе пресуди. Не го креваме веќе телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават. И пораката од почетокот на владата беше иста – За секој мора да важи законот. Никој не е над законот и случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ е да не натера да не гледаме како сега и во функција на опозиција се трудат да ја опструираат правдата.

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција исто така побара Јавното обвинителство да испита што сте барале Вие во домот на Бојан Јовановски.

Јавното обвинителство може да истражува сè и во ниеден момент никој од нас не се обиде тоа да го спречи. Инаку, ако земеме список кој сè бил кај не само криминалецот, туку и кај бегалецот Груевски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја затвори партијата.

Најчитани вести