Состојки

500 гр. (лосос, шаран, ослиќ, скуша), 1 лимон, 700 гр. компир, мелен пипер, маслиново масло, мајчина душица, оригано, сол, бибер, 1 главица кромид, 2 чешниња лук сув зачин.

Подготовка:

Рибата исечетеја на помали парчиња. Посолете ја и додадете ги сите зачини, малку сок од лимон, исецкан лук и добро измешајте. Оставете ги половина час покриени. На дрвени стапчиња се реди парче риба и кромид исечен на кругови кои предходно се посолени. По желба може да се стави и парче лимон исечен на круг. Компирот се сече по желба, се додава сув загин, сол, бибер, мелена пиперка и маслиново масло. Добро се меша и се реди во подмачкан плех. Одозгора наредете ги ражниците од риба.

Се печат на 220 степени околу 50 минути.

 

Најчитани вести