Skip to main content
x

17 Jan 2020 - 16:15
sportmedia
Статија
 

На адресата на Новак Ѓоковиќ по завршување на АТП Купот минатата недела стигнаа бројни навреди. Причината за ова е песната „Видовдан“ по која се огласи косовскиот амбасадор во Бугарија, Едон Цана, кој рече дека српскиот тенисер е „примитивен“, заостанат и обичен балкански националист.

Сепак тој не е единствениот кој се најде навреден, близок пријател на Ноле открил дека добил смртни закани од албанската мафија, кој пак не ги сфатил сериозно.

„Ноле е врвен спортист и патриот кој не навредил никого. Сè друго се валкани и политички игри. Тој не се плаши и нема да дозволи ова да ја затемни радоста и е подготвен за повеќе победи”, изјави извор за српските медиуми .

sportmedia.mk

Најчитани вести