Антонелa О. има само 19 години, но зад nea стои „завидна“ криминална кариера, имено 145 кривични пријави кражба, само една условна казна и три обвиненија.

Со завршувањето на седум одделенија од основното училиште, таа одлучила да заработи пари од другата страна на законот - со крадење  по трамваи. Понекогаш таа краде сама, а понекогаш и со пријателите и нивните родители. Додека на чесен граѓанин во Хрватска со просечно занимање му треба околу половина година за да заработи околу 42.000 хрватски куни, Антонела О., секако, ја „добива“ оваа сума за 12 „работни“ денови во текот на пет месеци. Поради овие 12 (не) дела што таа ги извршила на штета на кинески, јапонски, корејски, португалски и австралиски туристи, како и хрватски државјани, државното правобранителство на Загреб бара да лежи една година затвор.

Од пролет до есен, таа оперирала главно по трамваи каде ја искористила негрижата на патниците крадејќи им ги нивните паричници.

Но, притисната заради доказите, таа признала се во полицијата, но повеќе детали за поединечна акција не изнела бидејќи како што рекла ги има многу.

- Порано крадев со моите пријатели, а понекогаш и со мајка ми. Претежно избираме Кинези, а нашите граѓани кога имаме можност. Ако документите се во паричник, ги оставам на клупа, фрлам еден во контејнер за отпадоци и ги земам парите. Јас крадам затоа што имам 14 браќа и немам работа. Жал ми е и ветувам, тоа нема да се случи повторно - им рече 19-годишната Антонела на полицајците.

Еден полицаец ја фатил во друштво на една пријателка додека седела на терасата на кафе на автобуската станица, откако била препознаена од две јапонски жени кои им ги украла паричниците од чанта.

Нивните постапки низ трамваите се снимени со видео надзор, а на едно од нив се покажува како таа и уште едно лице се втурнуваат во Кинез, кој бара помош во застанување на трамвајот. За цело  време преку рацете ги чуваат јакните, а најчесто жртвите ги ограбуваат така што се втурнуваат во нив наводно губејќи рамнотежа, а потоа веднаш бегаат низ врата.

Најчитани вести