Кога некој бара права, треба да биде подготвен и да даде права. Доколку некој бара да биде испорачано на начин на кој што велите дека треба да биде испорачано, согласно Уставот, бидејќи има инцијатива да се произнесе Уставниот суд, посочи Мицкоски за „Економски Магазин“ на Алсат.

- Сакате да преговараме, нема проблем, ајде да разговараме на основа на принципи.

- Сакате претседател на Собрание кој вие како преставник на албанската етничка заедница во Македонија ќе го предложите. Во ред, тогаш бидете подготвен во општината каде вие имате градоначалник, тогаш претседавач на Совет да биде предложен од македонската малцинска етиничка заедница.

Барате директор на Јавно претпријатие, моќно, силно на централно ниво, бидете подготвен истото да го правите и за Македонците.

Гледајте во Тетово што се збори и што се прави..посочи Мицкоски.

Во случај ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите во преговорите за коалиција со партиите од албанскиот блок Законот за употреба на јазиците ќе се дискутира преку заклучоците на Венецијанската комисија, рече во денешното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Доколку некој бара тоа да биде испорачано, треба да биде согласно Уставот, бидејќи веќе има иницијатива пред Уставниот суд, да се произнесе тој Уставен суд, согласно законите и препораките на Меѓународната заедница“, рече Мицкоски.

- Ако вие го читате францускиот нон-пејпер кој што претпоставувам сега ќе биде основа во новата методологија за преговарање, таму јасно стои дека мора препораките на меѓународните институции како што се Венецијанска комисија и Греко да бидат прифатени  и интегрирани од правниот систем на една држава, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за Законот за јазиците во своето гостувањето во емисијата „Економски Магазин“.

Тој порача дека „ако  слушаме тоа што ќе каже Оливер Спасовски, тогаш тој ќе каже како се применува законот за јазици “

- Еве да појдеме сега во Делчево , дали е успешно приметен законот за јазици, мислам  дека не е, и сега кој лаже тука? Ајде да влеземе во државните институции во Делчево, да одиме во Гевгелија да видиме во Охрид.  Сега кој не ја говори вистината, еве нели се применува, кој не ја говори вистината? Не е така, не можете на невистина, на нечеститост и на лага да ја темелиме државата. Едно е политичар  кога ќе каже и сега ние се повикуваме и реферираме на тоа што политичарот ќе каже, а ако е тоа невистина, тогаш државата оди во погрешна насока, рече Мицкоски.

Најчитани вести