Денес рано утрото ненадејно замина уште еден доајен во автомобилизмот на нашите простори.

Човек кој беше поим за другарување, секогаш прв да подаде рака кога е најпотребно, секогаш тука кога е потребен совет, секогаш тука со македонските автомобилски клубови, речиси и да не започнуваше ниеден авто-собир без неговиот шарм и говор, но за жал на 44-годишна возраст срцето на Гонзо престана да чука.

Зад себе остави успешна сопруга и синче Никола да го продолжи доброто дело горд на тато.

Погребот ќе биде утре на 16.01.2020 четврток од 14:00 – 15:00 часот „Капела БУТЕЛ“ – Скопје

Сочувство до фамилијата и најблиските!
Вечно царувај во рајските небеса Игоре!

Извор: ПОРТА.МК

Најчитани вести