„Треба со ладна глава да се изанализира мечот, сега не  е време и место да се каже што било. Одигравме под ниво, со многу грешки и тоа беше пресудно. Морам да признаам и не изненадија со 5 плус 1. Лесно  да се види каде беше грешката, разочарани сме, очекувавме многу повеќе. Но тоа е спортот, Австрија беше мотивирана, на домашен терен е“, рече капитенот Лазаров по мечот, заблагодарувајќи им се на сите присутни, но и за поддршката на сите.

„Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас, па и за македонскиот ракомет. Им се извинувам на сите присутни овде во Виена и на сите наши Македонци кои ни ја даваа поддршката“, додаде Лазаров.  

Најчитани вести