Македонски Полициски Синдикат преку соопштение реагира дека на социјалните мрежи и интернет портали се објавуваат невистинити фотографии и се пласираат лажни вести за вработените во МВР. Станува збор за фотографии во униформа и во цивилна облека како и фотографии од цивилни и полициски возила, за кои синдикатот смета дека се насочени кон наводни злоупотреби во однос на професиналното работење и злоупотреби на материјално технички средства и опрема на МВР.

Велат, на овој начин се врши психички притисок над вработените во Министерството, поради што може да настанат пропусти во работењето, а со тоа индиректно да биде загорзена безбедноста на државата, граѓаните и нивите имоти.

„Пример за ваквите рекации се последните објави по некои интернет портали и социјаните мрежи каде се објавуваат фотографии од цивилни возила за кои се тврди дека се во споственост на МВР и лица кои се вработени во МВР за кои тврди дека наводно ги управуваат тие возила и прават злоупотреба со истите. Како пример го посочуваме последното фотографирање на возила во гаражите во комплексот на ‘Џевахир’ кога во тек била акција на откривање и фаќање на сторители на кривично дело, а со самото објавување на фотографии во јавноста се загрозуваат животите на вработените во МВР и нивните семејства како и се става под знак прашалник успешноста на самата акција“, велат од синдикатот.

Оттука апелираат до новиот министер во МВР, Наќе Чулев, дополнителниот министер во МВР, Славјанка Петровска, заменик министерот Агим Нухиу, директорот на БЈБ Сашо Тсевски и заменик директорот на БЈБ, Бесим Деари за секој поединечен случај да поведат постапка со цел утврдување на одговорност кој сликал и зошто ги објавил тие фотографии имајќи во предвид дека станува збор за кривично дело неовластњно снимање и злоупотреб на лични податоци.

Исто така, од синдикатот го повикуваат раководството на МВР да ги провери објавите и доколку постои злоупотреба од страна на службени лица од МВР да превземе соодветни мерки и активности согласно законските прописи и правните акти.

„Воедно ги замолуваме граѓаните да не фотографираат возила за кои претпостапуваат дека се од МВР и дека наводно се злоупотребуваат затоа што е можно со истите да се врши службено дејствие кое истото би го прекинале и деконспирирале, а доколку било кој граѓанин на Република Северна Македонија има било какво сознание за злоупотреба од вработени во МВР да го пријави до надлежните институции“, се наведува во соопштението на полицискиот синдикат.

извор: Makfax

Најчитани вести