Skip to main content
x

14 Jan 2020 - 17:05
sportmedia
Статија

Попладнево на Ноу Камп беше промовиран новиот тренер на каталонскиот и светски гигант. На една интересна прес конференција, Барселона го претстави Кике Сетјен, кој треба да биде на кормилото на каталонската гордост до јуни 2022 година.

„Ова е премногу емотивен момент за мене. Им се заблагодарувам на сите во Барселона за довербата, за тоа дека јас ќе ја водам како тренер екипата на Барселона. До вчера се шетав со крави во село, а денеска см тука, и добивам шанса да ги тренирам најдобрите играчи во светот“ рече покрај другото Сетјен.

Секако дека од Барселона не заборавија да му се заблагодарат на својот досегашен тренер Ернесто Валверде на досегашната работа.

 

 

 

sportmedia.mk

Најчитани вести