Против Сергеј Трифуновиќ ќе биде поднесена прекршочна пријава поради удесот кој го предизвикал на Нов Белград. Тој предизвикал сообраќајна незгода кога со својот автомобил удрил во автобус на ГСП, на булеварот Михајло Пупин.

После удесот тој побегнал од местото на удесот, а подоцна раскажал дека тоа го сторил за да оди дома “да им отвори врата на мајстори и да ги нахрани мачките“.

Поради ова Сергеј Трифуновиќ ќе биде казнет со казна затвор од најмалку 15 дена или парична казна од 100.000 до 120.000 динари и 14 казнени поени.

Според член 330 од закон за безбедност во сообраќај на патишта наведено е дека таа казна се однесува на учесници во сообраќајна несреќа во кое некое лице се здобило со телесни повреди, односно загинало, или е направена голема материјална штета, при тоа лицето не застане, односно не ја извести полицијата и не остане на место на несреќата до доаѓање на полиција да направи увид .

Најчитани вести