На општо задоволство на обожавателите на стрипови, објавен е трејлерот за претстојниот суперхеројски филм „Bloodshot“, чија премиера е закажана на 13 март 2020 година.

Филмот го режира Дејвид Вилсон, а улогите ги толкуваат Вин Дизел, Елза Гонзалес, Сем Хуан и Гај Пирс.

Откако тој и неговата сопруга се убиени, Марин Реј Гарисон (Дизел) е оживеан од група научници. Со помош на нанотехнологијата, тој добива супермоќи и се претвора во машина за убивање. Сепак, тој се обидува да се сети на претходниот живот. Кога сфаќа што всушност се случило, започнува мисија за одмазда.

извор: Makfax

Најчитани вести