Група жители од село во Мексико запалиле педофил кој бил обвинет за силување и убиство на шестгодишно девојче.

Локалните медиуми објавија дека Алфредо Роблеро бил претепан, а потоа бил полиен со бензин и запален во едно мало село во мексиканската држава Чиапас.

Роблеро бил обвинет за силување и убиство на девојчето Џарид, чие исчезнување било пријавено во четвртокот.

Нејзиното тело било пронајдено покрај патот во следните неколку дена, пишува „Дејли мејл“.

Вознемирувачката снимка ги прикажува луѓето кои го опколиле Роблеро, кој бил врзан, додека некои го снимале со телефон.

извор: Makfax

Најчитани вести