Зоран Заев и СДСМ продолжуваат да ја злоупотребуваат власта и државата во изборни цели. Зоран Заев е бесрамник кој што нудеше поткуп и го претстави ГГ Вартоломеј, Вселенскиот Патријарх, како нечесник кој што зема мито од 100 или 150 илјади евра за носење одлука на Вселенскиот Патријарх, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски додава дека таквиот став и однос на Зоран Заев кон Вселенскиот патријарх имаше можност да ги слушне сета меѓународна заедница, вклучително и ГГ Вартоломеј.

Сега СДСМ и Оливер Спасовски од позиција технички премиер, ја злоупотребуваат посетата на Цариградската патријаршија, ја поистоветуваат државата со партијата и  бесрамно го носат Зоран Заев во Цариградската Патријаршија само и само во изборни цели на СДСМ.  Поканите за вакви средби не се однесуваат за лични, приватни односи, туку за меѓудржавни, политички, службени прашања. Елементарна неписменост на СДСМ е поканите кон функции да ги смета за лични, а доколку е така, тоа е нов обид на СДСМ со лага да ги изигра граѓаните!„ истакна Стоилковски.

Тој посочи дека бесрамно, владата го пишува Зоран Заев како дел од владина делегација иако човекот повеќе не е во владата.

Уште по безобразно е што СДСМ злоупотребува владина средба но ја злоупотребува и Цариградската Патријаршија за изборен маркетинг на Зоран Заев. Оттука, Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, што и кого претставува Зоран Заев во владина делегација при државна посета, за која што како влада издадоа соопштение? Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, дали Зоран Заев на средбата се однесувал долично, дали се извинил за искажаната понуда, или останал на понудата од 100-150 илјади евра поткуп за Цариградската Патријаршија? Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, доколку навистина сметаат дека поканата била лична до Зоран Заев, што бараат Оливер Спасовски во својство на премиер и владина делегација на таква лична средба?“ вели Стоилковски.

Портпаоролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, дали присуството на Зоран Заев во владина делегација е наметнато со цел лажно претставување на Заев во лажно својство?

Најчитани вести