СДСМ и Оливер Спасовски континуирано три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните. Власта наместо народот, ги штитеше криминалците. Во МВР сега се воспоставува ред и систем на одговорност. И тоа на СДСМ и Спасовски им пречи. Затоа што тие се навикнати да функционираат во криминална средина, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Оливер Спасовски е првиот министер за внатрешни работи кој што направи коалиција со мафијата. Наместо сузбивање на криминалот негово единствено достигнување во министерството беше презентација на возило пред медиумите кое беше купено од претходната влада дека е изгребано од мачки. Задача на техничките министри ќе биде се што им било одземено на граѓаните како што е случајот со возилата од МВР.“ вели Јанушев

Тој истакна дека државата и граѓаните се на прво место.

„СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз. Сценариото не им се остварува. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ постојано се на терен помеѓу граѓаните, нивните тимови се во институциите и се работи на нормално функционирање на државата.“ потенцира Јанушев

Тој посочи дека министрите од ВМРО-ДПМНЕ се сретнуваат со огромни злоупотреби кои ги правела власта во изминатиов период и тие скандали и афера ги гледаме секојдневно во медиумите.

„На безредието и криминалот кое СДСМ и Спасовски уште го штитат ќе му се стави крај на 12 април, а по 12 април ќе има одговорност за сите кои ги прекршиле или ќе ги прекршат законите во идниот период.“ нагласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести