Skip to main content
x

14 Jan 2020 - 13:35
sportmedia
Статија

Од утре, па се до 11 февруари, нашите клубови ќе можат да ги официјализираат трансферите, односно ќе можат да се засилуваат и пред се да ги регистрираат новите играчи.

Имено утре и официјално стартува зимскиот преоден рок во мак – фудбалот. Најави за трансфер – бомби нема, Шкендија веќе си ја зврши својата работа, ги „собра“ Далку, Ахмеди, Нето и Кривак, нема најави за спектакуларни трансфери. Вардар се уште чека да се симне суспензијата, од Работнички се очекуваат барем 5-6 нови играчи, додека останатите промовираа по едно до две имиња, но сето тоа е далеку од она што сме се навикнале.

Се чини дека поинтересно е во Втората лига – исток. Тиквеш ги ангажираше Балдовалиев и Илијовски, додека Брегалница се засили со Додев од Силекс и Ацковски од Работнички.

sportmedia.mk

Најчитани вести