Бившиот телохранител на принцезата Дајана, Кен Варф, се присетил дека го слушнал четиригодишниот принц Хари кој му рекол на братот (принцот) Вилијам дека “ќе прави што сака“ бидејќи никогаш нема да биде крал

Тој раскажал што поточно се случило пред повеќе од 30 години додека семејството патувало еден викенд од Лондон.

Имено, принцот Хари и неговиот брат Вилијам се препирале за време на патот.

“Се сеќавам на моментот кога Хари како четиригодишно дете патуваше еден викенд. Тој и неговиот брат се каралаа на задното седиште во автомобилот.

“На крај, Хари рече: “Еден ден ќе бидеш крал, а јас не сакам. Така што ќе можам да правам што сакам“.

Зборовите на Хари како да ја наговестуваше сложената врска меѓу браќа која во последно време станала доста напната.

“Мора да запаметете дека тој е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. Сите го гледавме венчањето во Виндзор и сите рекоа дека тоа е иднината на монархијата. И сега наеднаш се чини дека се распаѓа“.

Најчитани вести