Последна желба на Неда Арнериќ (67), која почина во петокот, била да биде погребана тајно, само во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите.

Починатата глумица која е пронајдена мр*ва во својот стан во Белград, оставила во аманет да биде кремирана и погребана на Новите гробишта, покрај својата најголема љубов, сопругот Милорад Мештровиќ, кој починал кон крај на 2018 година.

Тоа го потврдува пријателка и колешка на глумицата, Јелена Тинска:

- Познавајќи ја Неда, верувам дека нејзината желба била да биде погребана без публицитет и да биде заедно со својот Миле – вели Тинска и додава дека нејзината пријателка се уморила од животот:

- Боледуваше од депресија. Потпадна во безнадежност, бидејќи многу рано влезе во филскиот свет прескокнувајќи го детството и младоста. Влезе во сериозни години немајќи вистински спомени, кои ги имаме кога живееме некој друг живот. Годините поминуваат, спласнува фасцинантната кариера, се случува да немате доволно улоги и паѓате во депресија – наведува Тинска.

Најчитани вести