Потребни состојки:

За тестото:

  • 100 мл зејтин
  • 200 мл вода
  • 6 лажици брашно
  • 3 јајца

За филот:

  • 200 мл слатка павлака
  • 3 жолчки
  • 300 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер

Начин на приготвување:  Во тенџере сипете масло и вода и почекајте смесата да зоврие. Кога ќе биде готова, додајте брашно. Изматете со лажица за матење. Смесата треба да биде густа. Оставете да се излади и подгответе го филот во меѓувреме. Во тенџере сипете 200 мл млеко. Во друг сад изматете жолчки, шеќер, ванилин шеќер, брашно и 100 мл млеко. Смесата додајте ја во млекото и гответе како да правите обичен пудинг. Оставете го филот да се излади. Во изладениот фил додајте ја изматената слатка павлака. Соединете ја смесата. Во смесата за тесто додајте јајца и матете со миксер. Ставете ја смесата во шприц и направете топчиња. Ставете да се печат на 200 степени. Не отварајте ја рерната додека се печат.

Принцес крофните исечете ги на полoвина и наполнете ги со крем. Преклопете ги со другиот дел и оставете ги да се ладат. Декорирајте со шеќер во прав или по желба.

Најчитани вести