Кучиња скитници насекаде во Охрид. Граѓаните се жалат  на глутниците,  кои ги има  речиси насекаде. Велат не се чуствуваат безбедни, бидејќи се случува кучињата да манифестираат  агресивност. Особено загрижуваат кучињата од големите раси. Стравот кај граѓаните е уште поголем во вечерните часови. Велат по улиците освен кучиња нема никој.  Токму такво видео ни испрати читател на Охрид 1.

На видеото се гледа како глутница кучиња заобиколуваат девојка. Овие случаи се секојдневие на Охрид.

И покрај најавите на надлежните дека Охрид конечно доби стационар и дека проблемот ќе биде решен, ни трага ни глас од стационарот.

Од друга страна пак, граѓани одлучија на свој начин да стават крај на ова. На крајно нечовечен начин со труење, проблемот не се решава.

Во секој случај едно е сигурно, Охрид има проблем кој најитно мора да се реши.

Најчитани вести