По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни. Богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење на сосема нова страница. Создадовме светска музика. Вложивме многу. И мака и љубов. Сметаме дека е ова најдобриот албум што сме го направиле до сега, и сме многу благодарни на сите што го градеа со нас, и сите што го поддржуваа на било каков начин.

Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крилја…

https://music.youtube.com/playlist?list=OLAK5uy_khCqkf1ZomonzocMgwDvUa-pLSljRzxk4

Описно, овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13те бои:

TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА.

https://baklava.band/2020/01/08/%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b5-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b0%d0%bb%d0%b1%d1%83%d0%bc/ 

Пеено е претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова. А стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори:

Елена Баклава – вокали,

Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури

Дејан Теодосиевски – виолон-чело и пијано,

Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури

Гого Клинчаров – тамбура,

Игор Стевковски – тапани,

Џенгиз Ибраим – канон,

Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон,

Трајче Ристов – тарабука

Јордан Костов – армоника,

Ваљон Адеми – виолина,

Тино Скендеровски – армоника и програмирање,

Гордан Спасовски – пијано,

Гоце Стевковски – тапани,

Гоце Наумов – тапани и перкусии,

Амон Мра – усна армоника,

Лазе Стерјовски – армоника

Гости ни беа неповторливиот Darko Rundek и прекрасните Суперхикс (или секој посебно со љубов):

Петар Младеновски – ел. бас и вокал,

Борис Минов – ел. гитара,

Александар Спасовски – труба,

Симе Златков – саксофон и вокал,

Бранко Илиевски – тромбон,

Дарко Попов – тапани,

Гоце Лалковски – скреч.

Се снимаше во различни студија: “Tralala”, “Enterprise”, “Alshar”, “Chicken Madness”… Елена, која најчесто беше и аранжер, покрај неа беа и продуцентите Мите Димовски, Тино Скендеровски, Ивица Јанкуловски, Andreas Hz, Дарко Спасовски, Горан Кан, Бојан Угриновски… Мастерингот за LP на крај го направи Мите Димовски.

Фантастичниот дизајн на омотот и целата естетика воопшто е на Нерсес Малакјан. Огромна благодарност им должиме на Арс Ламина и Берин, кои ќе застанат зад материјалното издание во облик на грамофонска плоча.

И на своите најблиски што издржаа и поддржаа.

Ова е голема тема, за да ја објасниме монохроматски. Слушајте и уживајте. Четворката не е само звук.

Најчитани вести