Списанието за демократија е квартално академско списание основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија. Опфаќа проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет.

Според најновото истражување на списанието авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на аторитарни режими во светот. Заклучно со 2019-та година Македонија регресирала на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне!

Со ова најново истражување, странците  Заев го прогласија за диктатор! 

Националната фондација за демократија  скратено (НЕД) е американска непрофитна организација која се бави со мека моќ и е основана во 1983 година со наведената цел за промовирање на демократијата во светот. Финансирана е првенствено преку годишна распределба од американскиот Конгрес во форма на грант доделен преку Американската агенција за информации (УСАИА), односно од американската држава, а се шпекулира дека е во тесна соработка со разузнавачката агенција ЦИА. 

Создадена е според Програмата Демократија како двопартиска, приватна, непрофитна корпорација и, пак, делува како фондација за грантови. Покрај програмата за грантови, НЕД исто така го финансира и едитира Списанието за демократија, Светското движење за демократија, Меѓународниот форум за демократски студии, програмата за стипендии „Реган-Фаскел“, мрежата на институти за истражување на демократијата и Центарот за меѓународни медиуми како и Интернационалниот Републикански Институт ИРИ, Националниот Демократски Инстут НДИ.

 

 

Според дефиницијата на Списанието за демократија за компетитивни авторитарни режими, станува збор за земји кои започнале со транзиција во 1980-тите и 90-тите, но никогаш не успеале да станат консолидирани демократии, тие во својата дефиниција го користата и зборот хибридни режими, кои според нив комбнираат авторитарни и демократски карактеристики. Според медиумот квазидемократските институции всушност го зајакнуваат авторитаризмот. Од 46 режими помеѓу 1990 и 1995 година, повеќето или се демократизираа или беа заменети со нови автократии, односно дополнително регресирале.

Најчитани вести