Во петок, 10.01.2020 год. во 12.30 часот во кафулето  ,,Mомче младо,, - Гостивар, од страна на актуелниот пратеник на СДС, Благојче вербално биле нападнати А.Ј (албанец) и Б.О (македонец) седнати на маса недалеку од масата на пратеникот силеџија каде го пиеле своето кафе.

Вербалниот напад не бил со ништо предизвикан, дури и постоела опасност и од физички напад кој бил спречен од луѓе присутни во кафулето.

Според кажувањата пратеникот бил во видно алхохолизирана состојба.

Вербалниот напад се состоел од погрдни зборови и пцовки: Вие сте ВМРО-овци тешки лопови и преваранти и насилно барал да го напуштат кафулето.

Двајцата кои биле вербално нападнати за да спречат ескалација на инцидентот го напуштиле кафулето.

До кога пратеникот насилник од редовите на СДС - ќе се повикува на пратеничкиот имунитет ќе ги провоцира и малтретира гостиварчани кои не се негови истомисленици?

Овој силеџија пратеник од СДС кој има проблеми самиот со себе, каде ќе се сокрие по изборите во април, само тој си знае.

Ова не е прв пат: на 24 септември 2019 г. Пратеникот од СДСМ - Гостивар- Благојче Трпевски, физички нападнал гостиварчанец во присуство на неговата малолетна ќерка.

24 септември 2019 г. - Пратеникот од СДСМ - Благојче Трпевски, физички нападнал гостиварец

Денес околу 14 часот пред продавницата Деликатес кај стариот трговски центар во Гостивар, пратеникот од редовите на СДСМ - Благојче Трпевски, физички нападнал еден наш сограѓанин. По сведочење од лица затекнати во моментот на случувањето, нашиот сограѓанин пазарувал во Деликатес, а колата му била паркирана пред продавницата, притоа пратеникот му свирел за да ја тргне, на што сограѓанинот не бил во можност веднаш тоа да го стори затоа што бил на каса. Во момент на бес излегол и му ја скршил шофершајбната. Сето ова не завршило тука, туку и физички го нападнал во присуство на неговата неполнолетна ќерка.

За сево ова е повикана полицијата, која пристигнала на лице место.

Во моментов се врши страшен притисок врз институциите на ситемот т.е полицијата и судството за да се забошоти целава случка. Но едно не е јасно како ќе се забошоти нешто кое го виделе голем број на граѓани.

Законот треба да важи за сите. Моќниците на СДС колку и да сакаат да го забошотат овој немил настан ВИСТИНАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА.

Се прашувам до каде дојде сево ова, зар треба да се плашиме од свиркањето на пратениците на власта, да не изедеме ќотек???

IgorФБ статус на Игор Доневски

Најчитани вести