За јавноста е исклучително важно да има прецизен увид во рејтингот на информативните портали кои секојдневно ги читаат граѓаните во Македонија. Од рејтингот јасно се гледа кој информативен портал привлекува интерес и добива доверба за објавените вести и информации.

Во светот постојат само неколку референтни глобални системи за следење на читаност на сајтовите кои се релевантни за големите компании, маркетинг агенции, за читателите од развиениот економски и дигитален свет. За најрепрезентативни јавно достапни и компаративни системи за мерење на рејтинзите на порталите се сметаат американскиот Alexa.com и американско-израелскиот систем Similarweb.com.

Ова се резултатите според јавно достапнитe мерења на Similarweb.com за десктоп рејтинзи на најдобрите десет македонски информативни портали во ДЕКЕМВРИ 2019 година.

 

Портал

Посети месечно

Број на отв.страни

Вкупно страни

1

Vecer.mk

1,05 милиони

3.16

3.3 мил. страни

2

Kurir.mk

1,1

2,74

3,1

3

Republika.mk

950 илјади

2,62

2.5

4

Plusinfo.mk

876

2,86

2,5

5

A1.om.mk

864

2,12

1,83

6

Sloboden pecat.mk

966

1,87

1,8

7

Faktor.mk

837

1,94

1,62

8

Libertas.mk

567

2,82

1,6

9

Infomaks.mk

617

2,48

1,53

10

Fokus.mk

805

1,87

1,5

Податоците се јавно достапни на Similarweb.com за ДЕКЕМВРИ 2019 година

Според последните јавно достапни анализи на Агенцијата за медиуми околу 40% од информациите македонските граѓани ги добиваат преку интернет порталите, а околу 60% од телевизиите. Овој сооднос секоја година се менува во полза на порталите но, Македонија заостанува зад развиените држави во Европа, па и зад Словенија, Хрватска и Србија каде граѓаните дури 55-62% од информациите ги добиваат од информативните портали, а 38-45% од телевизиите.

Најчитани вести