Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера попладне испратил телеграма во Министерството за внатрешни работи со која бара да се вратат триесетина возила меѓу кои и возила што ги користело обезбедувањето на неговиот претходник и сегашен технички премиер, Оливер Спасовски.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од службените возила на МВР.

Она кога службени коли на МВР се кријат во подземни паркинзи во Џеваир Скај Сити, неопходни за апашлукот на криминалците и рекетарите на чело со Оливер Спасовски и опинокот од Муртино, објави страницата „Бојкотирам“.

Чулев вели дека возилата се користеле несоодветно и тврди дека телеграмата била испратена во рамките на постапувањето согласно процедурите.

Дополнителната заменик-министерка во Министерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска потврди дека по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев за враќање на возилата, досега е вратено само едно и порачува дека другите возила нема да се вратат.

Најчитани вести