Нашиот став во однос на случувањата за 27-ми април е ист и непроменет, тоа е дека се работи за обвинение кое што е од политички - мотивирачки цели се со цел да се оцрни одредена политичка структура од опозицијата, вака одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарското прашање „Како го коментирате обвинението за 27-ми април бидејќи СДСМ велат дека со ова се докажало дека ВМРО-ДПМНЕ биле организатори на тој настан и за возилата во МВР за кои што техничкиот министер вели дека треба да се вратат, а како што рече денес само едно возило е вратено, останатите не?

-Не е прва ситуација и не е прва прилика СДСМ да е таа која што обвинува и осудува за било кој случај. Нашиот став во однос на случувањата за 27-ми април е ист и непроменет, тоа е дека се работи за обвинение кое што е од политички – мотивирачки цели се со цел да се оцрни одредена политичка структура од опозицијата.

Во однос на прашањето кое се однесуваше на возилата кои се во сопственост на МВР, а за кои министерот за внатрешни работи Наќе Чулев побара да бидат вратени Арсовски истакна дека тие возила треба да ги користи МВР, а во моментов се користени за лични цели и интереси после работното време.

-Од она кое што го имаме како сознание, тие возила треба да ги користи МВР, а во моментов се користеле за лични цели на поединци односно за лични интереси и истите биле возени за приватни цели односно возени во своите домови после работното време. Затоа е побарано од страна на министерот да се вратат работите во нормала, согласно законите и прописите и да бидат повторно во функција на МВР кое што откога се задолжени од страна на трети лица тие коли, па МВР останало без возила, истакна Арсовски.

Најчитани вести