Порталот 24.мк објави информација дека на листата сведоци против организаторите од 27 април се тројца амнестирани од првиот дел од процесот. Браќата Стефан и Михаил Младеновски кои во судница за прв пат открија дека собранискиот упад e организиран со логистика од УБК, се предвидени да сведочат против Трајко Вељаноски и тројца обвинети сопартијци.

Шпекулацијата се состои - во квалификацијата. Имено, наведените се повикани како сведоци но, во никој случај не за да сведочат против поранешниот претседател на собранието Трајко Вељановски. Ако се погледне нивниот исказ во сведочењето пред судот во врска со антаните во парламентот на 27 април јасно е дека браќата Стефан и Михаил Младеновски во ниту ден момент не спомнуваат поврзаност, а уште помлаку организација, на Трајко Вељановски со насилните дејствија во собранието.

Во нивниот исказ се спомнува само дека конкретно наведени две лица од УБК Никола Бошковски (избеган во Грција), Владимир Атансовски (сега е во домашен притвор)  и нивни соработник Александар Василевски – Нинџа тие ги виделе во смисла на помагање или организација на дејствијата во собрание. Напротив, исказот на браќата Младеновски е дека немаат никакво сознание ниди пак забележале организација или помагање во настаните на било кој функционер од собранието, ниту пак на било кое лице од партијата ВМРО ДПМНЕ.

Исказот на Александар Василевски – Нинџа е оној од каде се извелкува информацијата дека тој го смета Трајко Вељановски за можен помагател во настаните во собранието за кои се води итрага за организаторите.

Најчитани вести