Састојки:

- 1 тиквичка,
- 1 домат,
- главица кромид,
- 150 г грашок,
- 2 моркова,
- 3 чешниња лук,
- 400 г пилешки гради исечени на коцки
- 3 лажици соја сос,
- 2 лажици маслинов зејтин,
- бибер и сол по вкус,
- лажиче ѓумбира,
- коцка за супа,
- ориз

Подготовка:

1. Сецкан кромид на ленти, тиквичката, морковот и доматот на коцки, а лукот ситно сецкан.
2. На маслинов зејтин се пропржува кромидот, се додава пилешкото и соја сосот.
3. Пилешкото се пржи додека не побели, се додава лукот, тиквицата, морковот, грашакот и доматот.
4. Добро се мешаат се додава коцката за супа, сол, бибер, џумбирот. Се остава да се динста додека зеленчикот не биде готов. Отприлика околу 15-20 минути.
5. Сварете го оризот исплакнете го, добро исцеден помешајте го со зготвениот зеленчук или послужете го одвоен.

Најчитани вести