Еден од најбараните господари на дрогата во Колумбија, некогашна десна рака на Пабло Ескобар, е уапсен откако неговиот син и откри во полиција каде се наоѓа.

Луис дел Рио, познат како Ел Тио, беше уапсен за време на рација во неговиот дом.

Полицијата уапси еден од неговите наводни партнери.

Ел Тио беше клучен член на познатиот картел на Ескобар пред да станат противници.

Поточно, работите се влошиле кога Ескобар ја киднапирал ќерката на Тио како одмазда затоа што ги украл парите. Потоа, тој се приклучи на криминалната банда Лос Пепес - која инаку е ривална со Ескобар - да ја врати својата ќерка.

За време на Пабло Ескобар, Ел Тио работеше со Меделин Картел. Тој подоцна беше уапсен и осуден на 12 години затвор, но ги продолжи своите криминални активности кога беше пуштен на слобода рече еден полицаец.

Според извештаите на медиумите, Ел Тио започнал афера со сопругата на неговиот син, со кого редовно се состанувал во еден од неговите имоти.

Полицијата пронашла олтар на имотот каде се верува дека осомничениот исто така практикувал црна магија.

Многумина тврдат дека Ел Тио е еден од првите три шверцери на наркотици во земјата и меѓу првите 10 шверцери што ги бара владата на САД.

Најчитани вести