Индија, Италија, Кина, Јапонија, Мексико... Било да се одлучите да патувате во некоја од овие земји или пак само посакувате да испробате некоја од нивните кулинарски деликатеси во етничките ресторани во нашата земја, добро е да се знае кои состојки се користат при приготвување на дел од специјалитетите на таа земја. Ова е особено важно ако внимавате на Вашата линија...
 

Индиска храна
Избегнувајте: храна која во името го содржи зборот масала, пасанда или корма. Сите овие типови храна се исклучително масни и многу зачинети. Една порција на јагнешка пасанда содржи околу 1000 калории, 56 г маснотии и 4800 мг натриум.
Нарачајте: печени или јадења приготвени на скара како што е тандори пилешкото -маринирано пилешко варено на висока температура. Или изберете вегетаријанска порција како што е алоо гоби или кари од зеленчук кој е богата со влакна и витамини.


Кинеска храна
Избегнувајте: слатко-кисело свинско или пилешко, мо-шу свинско и пакетчиња од јајца кои се исто така исклучително калорични.
Нарачајте: било што динстано или во сос од лук или сусам. Говедското и брокулата и пилешкото чау меин се иста така добар избор, а како прилог секако одлучете се за зеленчук подготвен на пареа.
 

Грчка храна
Избегнувајте: полнети листови лоза, пита од спанаќ или мусака кои во една мала порција содржат повеќе калории од просечна фаст фуд храна. Ниту гирото не е многу подобар избор бидејќи изобилува со сосеви.
Нарачајте: месо и зеленчук на ражен (суфлаки или ќебап) јагнешкото и свинското се добар избор бидејќи за негово подготвувањесе користат здрави состојки, но уште подобро е ако пилешкото и стекот се привени на скара.


Италијанска храна
Избегнувајте: фетучини Алфредо, секако. Поздравете се и со останатите висококалорични јадења како што се равиолите, маничотите и модриот патлиџан со пармезан кој како сунѓер ја впива маснотијата и го прави еден од најнездравите избори.
Нарачајте: шпагети или макарони со сос од школки. Ако сакате малку протеини во пастата нарачајте и мали ќофтиња од месо, но не и болоњезе сос.

Јапонска храна
Избегнувајте: Сите пржени јадења, особено темпурата (пржен зеленчук или морска храна). На листата висококалорична храна се и патката и јагулата.
Нарачајте: туна, краставици и суши кое е многу пожелно.

Мексиканска храна
Избегнувајте: чимичанги, енчилади или било што печено или натопено во сос или кашкавал бидејќи има три пати повисока калориска вредност. Исто така држете се подалеку од печениот грав, ориз и начос со кашкавал.
Нарачајте: едноставни состојки како грав, пилешко и салса. Буритото, фахитасот или малите тако салати се одличен изор. Наместо сос од кашкавал одлучете се за гвакамоле (сос од авокадо) кој е богат со витамини и здрави маснотии.

Најчитани вести