По цели три години, гласот на граѓаните е непроменет. Македонските граѓани, но пред сѐ, Македонскиот народ по којзнае кој пат во историјата уште еднаш јасно и гласно порачува: Македонија на Македонците, право и правда за сите македонски граѓани, слобода за уставобранителите, европски образовен и здравствен систем!

– Она што е неверојатно е дека по неполни три години, оваа квислиншка власт растури речиси сѐ што успеа да допре. Дивјачки и без тронка чувство за граѓанскиот пулс, со демагогија и со непринципиелни средства, надвор од уставната рамка ни нанесоа штета која уште долго време нема да биде ни малку лесно да биде репарирана.

Затоа пак ние сме одлучни, исто како и во народната поговорка, во која традицијата ни ја пренела мудроста која е толку едноставна, а толку точна. Таму се вели: „Кукавицата умира секој ден, храбриот само еднаш“! – Со таа мисла и со чиста совест, по долгиот бродолом, страдања и невидени удари од сите страни, повторно застануваме под бајракот на Македонија за да го вратиме достоинството на изгазениот македонски народ и да ја донесеме надежта во нашата убава татковина.

А таа постои и покрај сите маки и невидениот ужас на криминалниот картел предводен од Зоран Заев и неговите слуги, како и цела една дузина на нарокотизирани, промискуитетни и крајно бесрамни „шарени профитери“. На крајот од краиштата, сиот овој ужас има и своја добра страна. Ние навистина овој пат се прочистивме и се погледнавме едни со други директно во очи и сега точно знаеме кои беа војводите, а кои јатаците и предавниците.

И со таа ука ќе си одиме сите низ целиот животен век. По истата ќе не помнат и следните генерации и дефинитивно ќе останеме како пример за тоа како еден скромен и мирољубив народ беше за миг пресретнат од разбојничка банда која врз истиот изврши духовен масакр.

Но, она што квислиншката власт не може да го увиди е дека граѓанската свест е одамна зајакната и истата станува силна тупаница во лицето на Ѕверот кој за некој ден ќе биде совладан од новиот победнички бран кој доаѓа. Оттаму, вистина говори Мицкоски: „Најтемно е пред зората“! – Токму затоа, во овој момент на темнина деноноќно ќе ги вадат сиот гнилеж и сета Легија на крвници и злосторници, кои и од гробовите, а некои уште по земја го сеат својот кодошлук и својата предавничка реа.

Затоа брзо, брзо ја ништават и онака погрешно поставената лустрација, за што сме им длабоко благодарни, бидејќи со следната, дефинитивно нема да има простор за пазарење и за криење на досиејата. Со поглед кон иднината и со научени лекции од минатото, влегуваме во Новата година со надеж и верба за вистинска иднина на сите!

Иванка Василевска, Универзитетски професор (25 декември 2019) 

 

 

Најчитани вести