Skip to main content
x

14 Dec 2019 - 21:55
sportmedia
Статија

Германскиот магазин „Кикер“ денеска објави дека младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, наскоро ќе биде нов фудбалер на екипата на Штутгарт. германскиот второлигаш е во напредна фаза на преговори и веќе во јануари би можел да се пресели на „Мерцедес-Бенц Арената“.

Според изданието, Штутгарт со месеци се обидува да го добие 19-годишниот офанзивен фудбалер, чиј договор со Келн истекува во јули. Во Штутгарт не сакаат да чекаат до лето, па ќе направат се за да го донесат Чурлинов во тимот веќе по Нова година.

Младиот репрезентативец на Македонија, кој играше за Келн во Бундеслигата под палката на екс-тренерот на тимот, Ахим Бејерлорцер, не сакаше да продолжи со клубот, откако беше префрлен во вториот тим.

sportmedia.mk

Најчитани вести