Оливер,

Тврдам дека случајот Рекет немаше да метастазира, доколку дадеше насока инспекторите од организиран криминал да проверат од каде твојот пријател Боки 13 има пари за да си купи чевелчиња со штикли кои чинат и по 5000 евра или некоја женска торбичка вредна 4000 евра, ова денеска во својот статус на Фејсбук го пишува Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тврдам дека немаше да бидат изрекетирани 20 милиони евра доколку побараше да се покрене истрага за криминалната невладина Меѓународен сојуз, наместо со нив да потпишуваш меморандуми бидејќи освен твојот пријател Боки 13, таму почесен претседател беше и сопругата на твојот соработник Јовче Ременски, популарната Фрики. Тврдам дека немаше да дојде до престрелките во Александар Палас доколку алфите на најдобро платениот твој командант Примислав , веднаш постапеа по закон и ги приведеа тие што се заканувале. Тврдам дека немаше да дојде до тоа пукање доколку ги приведевте ликвидаторите одговорни за двојното убиство на Партизанска. Тврдам дека немаше да дојде ниту до двојното убиство доколку не бевте во коалиција со криминалот, вели Ѓорѓиевски.

Тој тврди дека Македонија ќе беше побезбедна и Скопје ќе беше побезбедно доколку не ослободевте од затвор 1000 криминалци.

-Тврдам дека граѓаните нема да живееја во страв доколку си поднесевте оставка уште веднаш. Вака останува да ви честитаат убијците од Смилковско езеро кои се на слобода, убиецот на Мартин Нешковски и Мартин Јанушев и уште стотици други криминалци кои благодарение на вас се неказнети и шетаат на слобода. Затоа престанете да се правдате дека не сте комуницирале со Боки 13. Јас имам помалку слики со родителите отколку Оливер и Боки. Ќе си одговарате за сите злоупотреби кои со вашето непостапување предизвикаа немадоместиви штети. Полицијата ќе се професионализира, а законите ќе важат подеднакво за сите. После 12 април нема да постои толеранција за криминалот.

Најчитани вести