Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни рекорди во 2015 година, покажуваат најновите податоци објавени вчера, со кои располага бразилската влада.

Во ноември беа уништени 563 квадратни километри од најголемата тропска шума во светот, што претставува зголемување за 103 проценти во однос на истиот месец минатата година, според истражувањето на Националниот институт за вселенски истражувања ИНПЕ.

Со тоа, вкупното уништување на шумите во периодот јануари-ноември достигна 8934 квадратни километри, што претставува зголемување за 83 проценти во однос на истиот период во 2018 година и претставува површина со големина на Порторико.

Информациите од ИНПЕ беа собрани преку базата на податоци ДЕТЕР, систем што објавува аларми заради пожари и други закани за тропската шума.

Процесот на уништување на шумите обично се забавува во ноември и декември за време на сезоната на дождови во Амазонија.

Истражувачите и активистите за животна средина го обвинија десничарскиот бразилски претседател Јаир Болсонар за охрабрување на ранкерите и дрвачите да ги палат шумите.

извор: Makfax

Најчитани вести