Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, денеска ја критикуваше номинацијата на амбасадори на 2 недели пред заминување на власта, но и „лицермерието“ во време кога се предлага нов закон за надворешни да ги испраѓаат според постојниот.

„Значи, од една страна, Никола Димитров предлага измени на Законот за надворешни работи, а од друга страна предлага амбасадори по стариот Закон за надворешни работи, кои по новиот Закон истите овие луѓе не ги исполнуваат условите.

 Да е парадоксот најголем дури и Никола Димитров не ги исполнува условите за амбасадор по новиот Закон што го предлага, што е штета нели секогаш во минатото очекувал ВМРО-ДПМНЕ да го праќа за амбасадор, па еве ќе му се ускрати една можност за во иднина“, вели Николоски.

Најчитани вести