Убедливиот победник на изборите во Велика Британија, Борис Џонсон двапати бил во Белград - прво во 1999 година, кога го критикувал бомбардирањето на НАТО на СРЈ, како и пред три години, за промовирање на неговата книга за Черчил, на која и се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ .

Тој беше новинар во Белград во 1999 година и еден од ретките претставници на западните медиуми што остро го критикуваше НАТО.

„Ејрес Тајмс“ еднаш напиша дека Џонсон документирано прикажувал за голем број цивилни жртви од бомбардирањето на НАТО, вклучувајќи ја и смртта на тригодишната Милица Ракиќ, која беше убиена на 17 април 1999 година во Батајница со НАТО бомба .

Подоцна, Џонсон честопати ја користел Србија како аргумент против одлуката на британската влада за поддршка на инвазијата во Ирак во март 2003 година.

Да потстетиме, македонскиот министер Никола Димитров, потписник на преспанскиот договор за поништување на уставното име Македонија, агитираше против нобеловецот Хандке затоа што ги поддржувал Србите во босанската војна. Сега очекуваме од Димитров да побара бојкот на британскиот премиер Џонсон поради неговите анти-НАТО ставови во прилог на Србија.

Најчитани вести