Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов изјави дека ексамбасадорот Томислав Димитровски кој вчера впери пушка кон сосед е советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мицкоски е опкружен со луѓе кои промовираат и поттикнуваат насилство. Во неговиот кабинет има и лица кои се закануваат со автоматско оружје кон граѓаните. Димитровски беше амбасадор поставен од Никола Груевски, денеска е советник и дел од кабинетот на Христијан Мицкоски. Недозволиво е било кој да им се заканува со огнено оружје на граѓаните, а најмалку човек кој е дел од кабинет на шеф на политичка партија“, рече Костадинов.

Портпаролот на СДСМ додаде дека времето на уцени и закани кон граѓаните завршило со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

извор: Makfax

Најчитани вести