Едно е сигурно...Римокатоличката црква никогаш немала на чело човек кој со секоја своја изјава погодува по некој нерв, без разлика дали станува збор за конзервативците, либералите, верниците или атеистите. За помалку од две години од пристигнувањето во Ватикан овој поранешен надбискуп на Буенос Аирес, кој пред работата во црквата бил обезбедување во клубови има и те какви изјави.

За казнување на децата

-На една венчавка слушнав еден татко како признава дека понекогаш ги тепа своите деца, но никогаш во лицето се со цел да не ги понижи. Како е тоа убаво, си помислив. Тој има чуство на достоинство, им рекол папата на верниците.

За "зајаците"

По неодамнешната посета на Филипините, папата изјавил дека тоа што Бог им дава можност на луѓето да зачнат дете не значи дека тие треба да се однесуваат како зајаци.

-Не. Основата на родителството е одговорност, додал тој.

За Шарли Ебдо

По терористичкиот напад врз редакцијата на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, папата порача дека слободата на говорот има граница и дека не може да се упатуваат погрдни зборови кон верата а притоа да не се сносат последици.

-Ако некој ми ја опцуе мајката, тогаш очигледно е да очекува удар. Тоа е нормално, изјавил папата.

За "неплодните баби на ЕУ"

За време на обраќањето пред членовите во Европскиот парламент во Стразбург папата говорел за имигрантите и изјавил дека не смееме да дозволиме Средоземното Море да се претвори во големи гробишта. Всушност, тој удри на бирократијата на ЕУ, истакнувајќи дека "Eвропа стана баба, која не е плодна ниту пак жива".

За правата на хомосексуалците

Иако многу пати говорел дека е против истополовите бракови, сепак најголемо внимание привлече со изјавата за хомосексуалците.

-Доколку личноста е геј и го бара Бог и настапува по добра волја, тогаш кој сум јас да му судам. Не треба да ги маргинализираме овие луѓе. Тие треба да бидат интегрирани во општеството, истакнал папата.

За Бог

Во дискусијата за Еугенио Скалфаријем, атеист и уредник на римската "Република" тој кажал дека верува во Бог, но не и во католичкиот Бог.

-Не постои католички Бог, постои Бог и јас верувам во Исус Христос, истакнал папата.

За свештениците и џиповите

Во една прилика тој истакнал дека не му се допаѓа фактот дека свештенството се вози во последните модели на автомобили.

-Доколку ви се допаѓа некој фенси автомобил, само помислете на тоа дека има илјадници деца во светот кои умираат од глад.

За мафијата

-Оние кои во својот живот го следат патот на злото, како што тоа го прават мафијашите не се во заедницата на Бог, истакнал тој.

За богатите

Папата смета дека "нееднаковста е основа на сите зла".

-Човековите права не се загрозени само со тероризам, репресија и убиства туку и со економските структури кои не постапуваат фер и кои создаваат огромна нееднаквост, рекол папата.

Најчитани вести