Честопати сме бомбардирани со застрашувачки и шокантни вести од кои што помислуваме дека целиот свет ќе се распадне. Сепак, иако е важно да се знаат проблемите, има многу добри во светот и подеднакво е важно да се објават. Затоа авторот Мауро Гати реши да го создадае порталот Среќни Вести, медиум кој објавува исклучиво позитивни вести и служи како противотров на сите негативности со кои сме бомбардирани секој ден преку телевизија, радио, печат и секако на интернет.
Гати смета дека е неопходна позитивна вест за да прифатиме дека светот, малку по малку, станува подобро место.

Тој вели дека во својот избор на содржина се стреми да се фокусира на меѓународно релевантни теми, најчесто во областите на правата на животните, климатските промени и науката - вести кои покажуваат колку напредуваме во различни сфери и тоа ќе ја врати вербата и надежта на луѓето.

Тој е свесен дека поради некоја причина е попривлечно луѓето да читаат за ненадејни катастрофи и црни хроники отколку да прават мали чекори кон подоброто. Лошите работи можат да се случат од никаде, додека добрите бараат време и значителен напор и обично не се добро читани во јавноста затоа што некому создаваат инфериорност, информација дека некој некаде е поуспешен од него.

Луѓето имаат нешто што се нарекува „негативна пристрасност“ интерес и  побрз одговор на грдите или опасните ситуации. Историски гледано, ова е од голема помош за нас затоа што ни помогна да преживееме во дивината. Сепак, денес негативната пристрасност нè вознемирува да бидеме среќни и задоволни, па дури и негативно да влијае на нашата продуктивност, бидејќи повеќето медиуми ни кажуваат дека секој ден работите стануваат се полоши, а не е етака.

„Мислам дека е важно да се постигне баланс помеѓу позитивните и негативните вести. Од политика до климатски промени и економија постојано сме презаситени со негативни вести. Потенцијално решение за овој проблем би било да се ограничи количината на лоши вести и на тој начин да се забави сопственото возбудување, со тоа да се додадат некои позитивни вести во нашето „мени“ и со тоа да се подобри целокупната слика за светот. Исто така е важно да се инвестира време за да се проверат сите дезинформации и да се испитаат нови извори “.

Еве ги и добрите вести


Седум јајца од последниот пар на Северен бел носорог успешно се оплодија. Тоа може да го спаси видот!


Една жена која дојде на власт во Малави поништи 1500 бракови на деца, со тоа направи пресврт во таа лоша традиција и ги испрати девојчињата на училиште.


Шведска започна одлична иницијатива! Дарителите на крв добиваат СМС порака секој пат кога нивната крв ќе спаси нечиј живот.


Племето Амазон победи во правна битка против нафтените компании, спречувајќи палење и уништување на џунглата  во Амазон.


Еден човек во Индија веќе 35 години посадува едно дрво секој ден, создавајќи парк поголем од Централ Парк во Њујорк.


Норвешка одлучи да не отвори извор на нафта (проценета на 53 милијарди евра) во архипелагот Лофотен заради заштита на екосистемот во земјата и тој дел од светот.

Популациите на морските желки се зголемија за 980% благодарение на законот за загрозени видови.


Супермаркетите во Тајланд не ја пакуваат веќе храната во пластика, но користат лисја од банана за да ја сочуваат храната свежа.


Пациент со ХИВ стана втората личност во светот од кој што ХИВ вирусот исчезна по трансплантацијата на матични клетки.


Холандија стана првата земја во светот што ги посвои сите кучиња скитници.


Јужна Кореја организираше дневни танци за луѓе над 65 години за борба против осаменоста и деменцијата.


Во Рим, можете да платите за билет за метро со пластични шишиња. Досега се рециклирани повеќе од 350.000 шишиња.

Најчитани вести