Фото: ФБ група – Ѕид на сообраќајниот срам

Жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14.20 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка „Стајковци“.

– На обиколницата на град Скопје вчера во 14.20 часот во близина на клучка „Стајковци“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(34) од с. Долно Палчиште, тетовско изгубило контрола и удрило во металната ограда и канделабра. Од ударот канделабрата паднала на коловозот од обиколницата од спротивната насока и во тој момент патничко моторно возило „мерцедес МЛ320“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од П.Т.(49) од с. Врапчиште, гостиварско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Ј.(48) од Скопје удриле во металната канделабра. По незгодата, М.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“  каде и биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

Најчитани вести