Зоран Заев во македонските медиуми изрази очекување дека Бугарија ќе треба да го „надмине прашањето со македонскиот јазик“. Неговата изјава доаѓа по таканаречената повелба за македонскиот јазик од таканаречената Македонска академија на науките и уметностите, ова се вели во соопштението на ВМРО објавено од прес-центарот на партијата, пренесува софиски Труд.

Повелбата е провокативна и ненаучна и соодветно наиде на реакција од страна на лингвистите во Бугарската академија на науки (БАН). Сето тоа се случува во заднината на свесното блокирање на работата на заедничката комисија за историски прашања, заради политизирани тези на историчарите од Скопје.

ВМРО не сака и не треба да се меша во научни спорови, но го потсетува премиерот Заев дека Бугарија одамна го надминала „проблемот“ со јазикот на кој што се зборува во Северна Македонија и нема ништо повеќе да „надминува“. Освен тоа, во меѓународното право не постои акт за „признавање јазик“. Ние сме ја признале независна Македонија-први во светот. Со тоа сме го признале нејзиното право на устав во кој официјално Скопје може да го нарече својот јазик како што сака. Меѓутоа, тоа не може да го смени фактот дека тоа е бугарски јазик.

Ние одамна ја применуваме формулацијата „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Таа формулација го покажува нашето почитување на уставното право на Македонија да користи своја „етикета“. Јазиците се одамна политички „етикети“. Денес во бивша Југославија се создаваат секакви „етикети“ за јазици, кои се во суштина исти. Во цела Европа е така се вели во соопштението…

За никого нема сомнение дека различните македонски наречја врз кои во 40-тите години административно е кодиран „јазик“ ист со бугарските говори. Членувањето, отсуството на падежи, идентичната синтакса-тоа се повеќе од отворени белези на бугарскиот јазик. Дури и дијалектната фонетика и ритамот на јазикот се исти. Да, лексиката денес е различна. Но, со голо око се гледа дека тоа е намерен и задишан обид за внесување зборови или користење на архаизми, србизми и турцизми само за да се постигне различно звучење.

Да кажеш дека во Македонија има некаков различен јазик од Бугарија е исто како да кажеш дека во Косово има некаков различен јазик од Албанија. Се разбира, во Косово немало „академици“ кои неколку децении свесно работат за политчко одвојување на луѓето од двете страни на границата.

Впрочем, Заев најдобро го знае тоа: тој е од Струмичко-тој крај буквално последен беше одземен од Бугарија, според одредбите од Нјескиот договор. До ден денес, кога роднините и сограѓаните на Заев ќе отидат во други делови на Македонија сигурно уште ги прашуваат дали се „бугари“.вВсушност, одговорот на тоа прашање во цела Македонија е „да“. Зашто Македонец и Бугарин се два збора за едно и исто. Затоа и нашиот повик до нашите браќа од другата страна на границата е: не претерувајте!

Најчитани вести