Претседателот Стево Пендаровски и ја скрати затворската казна за шест месеци на Ивана Јангеловска, мајката која беше осудена бидејќи во 2012 година ја задуши свјата тримесечна ќерка со перница, пишува Фокус.

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска беше објавена во Службен весник. Претседателот ја донел одлуката на предлог на Комисијата за помилување. Утврдено било дека убиството било сторено додека мајката била во постпородилна депресија.

Како што објаснуваат од Кабинетот на претседателот за Фокус, осудената мајка имала издржано три години затвор и треба да издржи уште три години и 11 месеци. Со помилувањето затворската казна и е намалена за шест месеци, што значи дека треба да доиздржи уште три години и пет месеци.

До претседателот стигнале над 200 предлози за помилување, но делумно е прифатено само ова барање. Околу новогодишните празници треба д абиде објавено традиционалното годишно помилување на претседателот.

Најчитани вести