На српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ здравјето повторно му е сериозно нарушено, поради прекумерната тежина.

- На Дарко му откажуваат виталните органи. Најзагрозени му се бубрезите и срцето. Постојано го притискаат градите и се гуши, а го боли и целата лева страна. Тој може да ослабне, но салото ќе остане да му виси, затоа најдобро решение е да ја промени исхраната и да оди на липосукција. Едноставно, сè подебел и подебел е, вели негов пријател за „Свет“.

Тој додава и дека толкав притисок не можат да издржат ни неговите колена, ни нозете, а камо ли вештачкиот колк, што му беше вграден по тешката сообраќајна несреќа во која едвај спаси жива глава.

Најчитани вести