Употребата на мајчиниот јазик е право дадено од Господ, вели Артан Груби од ДУИ, кој смета дека воопшто не треба да се дискутира за Законот за употреба на јазиците, посебно со тројца Македонци.

Се двоумев цел ден дали да учествувам во емисијава, бидејќи сметам дека е апсудрдно да разговараме за употреба на, од Господа дадено право за упореба на мајчин јазик, за каква употреба и да станува збор, особено со вас тројца Македонци, рече Груби во „Топ тема“, каде дебатираше со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од НСДП, коалициски партнер на СДСМ, Соња Мираковска.

Според него апсурдна е реакцијата на сите македонски партии, па и медиуми, топ и најчувствителна тема да биде Законот за јазици за употребата на албанскиот јазик.

Законот се имплементира веќе една година и гледаме дека Македонија и денес ја има, истото се случи и со Преспанскиот договор, Македонија еве уште ја има и уште разговараме за внатрешните прашања, само доби кохезивноста во ова општество. Државата не може да очекува граѓаните да бидат лојални ако таа не е лојална кон нив. Ниту еден Македонец не беше приморан да учи албански јазик, ниту беше казнет, рече Груби.

Најчитани вести