Во писмо испратено до генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и премиерот Зоран Заев од вработени на Клиниката за хематологија во болницата „Мајка Тереза“ се тврди дека персоналот е под жесток притисок.

Група вработени во писмото објавено од коха.мк се жалат дека им се врши притисок на работното место секој ден од страна на главната медицинска сестра Мирјана Ѓуриќ и од директорот на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис.

Поради притисокот досега 7 вработени ги напуштиле своите работни места. Во писмото, тие бараат да се преземат мерки за темелно да се испита случајот и да се запре притисокот врз вработените.

Најчитани вести