Телото на Ј.Б. (90) било пронајдено во неговиот стан, во зграда во центарот на Белград, откако соседите ангажирале работници за да ја проверат безбедноста на инсталациите низ целата зграда.

Телото било во состојба на распаѓање, а како што неофицијално се дознало, човекот очигледно починал пред најмалку две или можеби пет години!

Човекот беше самотник, слабо го гледавме. Можеби поминаа две-три години откако последен пат го видов, а ние бевме најблиските соседи. Колку што знам, тој беше во еден вид на спор со роднините - рече еден од станарите, кој заедно со соседите повикал полиција да го отвори станот и да им овозможи на работниците да ги проверат електричните инсталации.

Некои соседи рекоа дека не го виделе пет години, но не размислувале за најлошото, особено затоа што зградата го немала карактеристичниот непријатен мирис. Како што се дознава, се укажува на тоа дека станува збор за природна смрт.

По заминувањето на брзата помош и полицијата, станот бил запечатен.

Најчитани вести