Бледо, тесно и убаво лице со големи сини очи кои доминираат, со долга и брановидна кафеава коса - ова е сликата што луѓето ја гледаат кога се спомнува Исус Христос, но тоа е всушност смо уметничката слика на Исус која се провлекувала и надградувала со векови пред хиристијаните од светот.

Првото укжување дека Исус Христос се слави од христијанството како син на Бога е направено во 4. век и е само визија на уметникот, затоа што ниту едно од евангелијата не го спомнува деталниот изглед на Исус. Никаде не е спомнат изглед на неговиот лик, нивната коса или брадата.

Сепак, потребата да се додаде лик на светецот и пророкот Исус со векови беше голема потреба од христијанските верници, а општо прифатената слика за изгледот на Исус најмногу влијаеше на сликарите од европскиот среден век и ренесансата. Тие го прикажаа Исус како убав, висок, со светла кожа и светло кафеава коса. Нема опис за Исус, остаток од тело или ДНК. Постои дополнителен проблем што не постојат ниту скелети, ниту други остатоци од телото за тестирање на ДНК.

Поради недостаток на докази, нашите слики за Исус се оставени на имагинацијата на уметникот. Влијанијата на уметничките култури и традиции можат да бидат длабоки, забележува Карлос Ф. Кардоза-Орланди, професор на Универзитетот во Атланта.

Ова е причината зошто портретирањето на Исус зависи од тоа во кој дел од светот го барате - така што Исус е прикажан како и како црн, но и како латиноамерикански лик и со арапски изглед. И, останува основното прашање: како изгледал Исус?
Одговорот потекнува од форензичката антропологија. Користејќи методи слични на оние што ги развила полицијата за решавање на злосторствата, британските научници, помогнати од израелските археолози, создадоа лик за кој сметаат дека е најточна слика за најпознатото лице во историјата на човештвото, на Исус. Имал темно кафеави очи и бил висок само 166 сантиметри - вели Ричард Неве, уметник на универзитетот Манчестер кој користел форензичка антропологија за да добие прецизен портрет на Исус Христос.

Тој ги реконструирал лицата на славните, меѓу кои и Филип Втори Македонски, Александар Велики и кралот Мидија од Фригија. Ако некој можеше да создаде точен портрет на Исус, тоа ќе биде Неве.

Esquire@esquire

Forensic science has revealed the real face of Jesus: http://ow.ly/VMkRU 

View image on Twitter

Така, Неве и неговиот тим истражувачи стигнале до семитскиот череп од израелските археолози. Со помош на х-зраци од черепот направиле т.н. парчиња и го формирале и надградиле со мускули и кожа на типичен череп од Семитите од тоа време. Според еврејската традиција, Исус имал кратка кадрава коса и брада, а не лесна долга коса како што е поинаку опишана од уметниците на средниот век низ Европа.

Појавата на Исус е карактеристична за Евреите од Блискиот исток кои живеат во областа Галилеја во северен Израел. Покрај тоа, Исус не бил ни особено висок - за него се верува дека е висок само околу 166 сантиметри.

Најчитани вести