Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека американските и руските претседатели, Доналд Трамп и Владимир Путин, како и катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, се лидерите на кои најмногу ги почитува.

Зборувајќи пред студентите, Ердоган рече дека се плаши да именува лидер од Европа кој инспирира.

„Кога гледаме во Европа, има сериозна криза кај лидерите, вакуум на лидерство. Јас немам храброст да најдам таков пример во Европа“, рече турскиот претседател.

Ердоган истакна дека го цени Трамп како лидер кој кажува се што има на ум.

„Сакеле или не, Трамп е важно име. Тој нема скриена агенда. Тој јасно ги кажува работите на отворен начин и јас ги кажувам работите многу отворено", рече Ердоган.

Тој рече дека Путин исто така нема тајна агенда, дека е искрен и отворен за Турција и е убеден дека рускиот лидер ќе донесе мир во Сирија. Кога станува збор за шеикот во Катар, Ердоган го опиша како млад и динамичен лидер.

Ердоган рече дека го сметал пророкот Мухамед и основачот на модерната Турција Кемал Ататурк за најинспиративен од минатото и го ценел поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.

Најчитани вести