ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ многу повеќе од 4%, а уште многу повеќе 8% кај Македонците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја анкетата на ИПИС.

Кога зборуваме за анкетата која ја споменавте и претпоставувам реферирате на она што вчера беше објавено во медиумите каде што ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 4% во целиот примерок и некаде околу 8% кај македонските гласачи, и она одбивање од страна на вицепремиерката без притоа да ја види истата таа анкета како нерелевантна и дека поинаква била реалноста, јас тука навистина можам да се сложам со Радмила Шекеринска и да кажам дека, да, реалноста е поинаква и дека разликата е многу поголема од таа што е на анкетата,“ потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски нагласи дека  навистина бројките се многу поразлични, но таа разлика е многу поголема од бројките што беа презентирани вчера во медиумите

Најчитани вести