Вчера околу 20 часот на улицата „Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(34) од Скопје и „хјундаи лантра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., додека сопатничката во нејзиното возило Д.Б.(68) и возачот Б.Б. се здобиле со телесни повреди. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

извор: Makfax

Најчитани вести