Ако Турција тргне да го примене договорот со Либија и почне да истражува резерви на нафта и гас во Егејското море, одговорот на Грција може од дипломатијата да премини во сила.

Протерување на либијскиот амбасадор од Грција претставува блага реакција на Атина од меморандум за одредување ексклузивни економски зони на море, кои го потпишале Турција и Либија.

Серизен потег ќе беше да се протера турскиот амбасадор, што би довело до ескалирање на кризара, оценува дописникот на грчката телевизија ЕРТ од Белград Николас Пелпас

На пат без враќање

Доколку турскиот амбасадор би бил протеран од Грција, тоа спрема Пелпас, отвара можност развојот на настаните да излезат од сверата на дипломатија.

- Грција се обидува од кризата да излезе по пат на дипломатија, алармирајќи ги сојузниците, пред се ЕУ, бидејќи меморандумот не го загрозува само територијалниот интегритет на Грција, туку цела ЕУ. Гледано пошироко, го загрозува и меѓународното право и затоа веднаш имавме реакција на големите сили Русија и САД, кои го осудиле потпишувањето на меморандумот – вели Пелпас.

Грчката влада реагирала со протерување на либискиот амбасадор во Атина, предизвикано со потпишување на меморандумот меѓу Триполи и Анкара, кои ги дефинираат меѓусебно границите, договор за проширување на безбеносна и воена соработка и експолатација на енергени на Медитеранот.

Договорот потпишан на 27 ноември, предвиден е коридор кој се протега долж Медитеранот, помеѓу брегот на Турција и Либија кои сечат дел од море, во близина на Крит на кој Гтција има право.

Турската експлоатација на нафта – пат кон ризик

Договорот предизвикал остри реакции на Изреал и Египет, кои договорот го нарекле илегален.

Медиумите наведуваат дека Турција на овој начин сака да зароби егејски острови источно од 25. меридијан во турскиот континентален појас, а тоа би значело дека островите Лемнос, Лезбос, Хиос, Самос, Икарија, Миконос Наксос, Парос, Санторини нема да имаат никаква надлежност на морски зони надвор од шест наутички миљи од своите брегови. За сега Грција, спрема зборовите на Пелпас, реагира така што се обидува турско-либијскиот договор не биде меѓународно прифатен и никогаш да не стапи во сила.

- Ако Турција сепак се обиде да го примени и почне со истражување на резерви на нафта и гас во подрачја кои се опфатени во договорот, реакцијата би можела да биде со поинаква цел на спротивставување, па дури и примена на сила. Но мислам дека до тоа нема да дојде, бидејќи и Турција разбира и знае до каде се протега нејзиното царство – вели Пелпас.

Постојано создавање на “сиви зони“ во Егејското море, Турција се обидува да ги оспори одредбите од Лозанскиот догвор во 1924 година, која после Првата светска војна, дефинирани се границите на модерна Турција. После релативниот успех со таа намисла во Сирија, се сврте кон запад. Сега Турција го оспорува правото на грчките острови во Егејското море да имаат економска зона, додека порано ги оспоруваше територјалните води во ширина од 12 наутички миљи.

Спрема мислење на долгодишнит дописник на Танјуг од Анкара и Атина Воислав Лалиќ, станува збор за две работи.

Прво: Турција сака да ја наплати својата поршка на либијската влада и свргнување на водачот Моамер ел Гадафи за време на “арапската пролет“.

Второ: Се работи за предупредување на Грција дека Турција ќе биде решителна кога станува збор за подводн истражувања на резерви на нафта и гас во источен Медитеран. Лалиќ потсетува дека веќе постои спор за исто прашање кое Турција го има со Кипар и Грција околу подводните истражувања во кипарските води.

- Најновиот развој на настаните на Медитеранот се очекуваа бидејќи Грција и Турција имаат многу нерасчистени спорови околу островите, околу територијалните води, околу воздушниот простор. Се спорат околу статусот на Република Кипар. Како што знаете, Турција неодамна започнала со истражување на нафта и гас источно од тој остров, таа смета дека тоа е нивна економска зона и дека тоа е право на турското малцинство кое живее на север на островот – вели Лалиќ.

Најчитани вести